Гвардиола ќе го купува Рудигер од Рома

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е решен да направи големи промени во составот на „граѓаните“ за следната сезона. Една од слабите точки секако се и централните дефанзивци, па Шпанецот сака да доведе свежа крв. Според медиумите на Островот, Манчестер сити е сериозно заинтересиран за ангажман на Антонио Рудигер, дефанзивецот на Рома.

Германскиот репрезентативец оваа сезона одигра 13 натпревари за Рома во Серија А и е еден од најдобрите во тимот. Тоа го знае Гвардиола и сака да го доведе на „Етихад“, а подготвен е да плати 30 милиони фунти. За Рудигер исто така се интересира и менаџерот на Челси, Антонио Конте.

Се вчитува...