Гвардиола: Ќе мораме без Компани против Монако

Белгискиот интернационалец Винсент Компани и дефинитивно не е подготвен да му помогне на Манчестер сити на утрешниот прв осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Монако што ќе се одигра на „Етихад“. Тој го пропушти и мечот од ФА купот против Хадерсфилд, а се очекува набрзо да се врати на терените.

„Компани не е подготвен за утрешниот меч. Мислам дека нема да паузира долго, но утре ќе го немаме на располагање. Останатите се чувствуваат добро и верувам дека имаме квалитетен состав. Клиши се чувствува подобро и ќе биде во комбинација за настап. Имаме максимален респект за Монако, тоа е тим кој игра одлично оваа сезона, постигнува голем број голови, а ние утре пред се треба да ја сочуваме нашата мрежа мирна“, изјави Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити.

Се вчитува...