Гвардиола: Мурињо кога и да загуби – виновни се судиите!

Манчестер сити оствари значајна победа (1-2) над градскиот ривал Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“, правејќи огромен чекор напред кон освојување на шампионската титула. Сега „граѓаните“ имаат 11 бода предност во однос на Јунајтед, а во фокусот се изјавите на двајцата менаџери.

Пеп Гвардиола му одговори на Жозе Мурињо, кој веднаш по мечот истакна дека судиите ’кумувале’ на поразот на неговиот тим.

„Минатата сезона дојдовме на „Олд трафорд“ и победивме. Виновни потоа му беа судиите. Оваа година, повторно дојдовме до голем триумф. А, на Мурињо повторно му се виновни судиите. Ние сме чесен тим, и знаеме дека победивме затоа што доминиравме во текот на натпреварот. Сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што одиграа врвен натпревар, го прегазија противникот“, изјави Пеп Гвардиола.

На ред е сега повторно…Жозе Мурињо.

Се вчитува...