Гвардиола со нов план: Кејлор Навас ќе го менува Клаудио Браво во Сити

Иако е далеку од неговата најдобра форма, Кејлор Навас го привлече вниманието на Манчестер сити, англискикот премиерлигаш кој се обидува да ја исправи грешката со ангажманот на Клаудио Браво. Гвардиола е заинтересиран за голманот на Реал Мадрид, кој по сите изгледи летово ќе мора да го напушти главниот град на Шпанија, со оглед дека веќе извесно време пробуваат да ангажираат еден од голманите на Челси и на Јунајтед, Тибо Куртоа или Давид Де Хеа.

Клаудио Браво за неколку месеци од еден од најдобрите голмани во Европа стигна до еден од најисмејуваните во Премиер – лигата. Сезоната за Сити е речиси завршена, им остана да се борат единствено за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона, па Гвардиола често го употребува Кабалјеро како прва опција меѓу диреците.

За Кејлор Навас се заинтересирани и англиските премиерлигаши Ливерпул и Арсенал, кои исто така имаат проблеми со голманските позиции.

Се вчитува...