Гвардиола остана без помошта на Агуеро

Серхио Агуеро ќе го пропушти утрешното гостување на Манчестер сити против Стоук откако Аргентинецот заработи повреда на коленото за време на денешниот тренинг на „граѓаните“. Агуеро се наоѓа во одлична форма во последно време, но сега ќе мора да мине најмалку две седмици надвор од терените откако се пожали на болка во коленото, по што лекарите му препорачаа целосно мирување во следните десет дена, по што тој би почнал со тренинзи со остатокот од тимот.

Добра вест за Пеп Гвардиола е што по утрешниот меч со Стоук „граѓаните“ имаат пауза поради елиминацијата од ФА Купот на Англија, па наредниот премиерлигашки дуел го играат дури на 31 март против Евертон.

Воедно, Агуеро ќе ги пропушти и претстојните пријателски натпревари на аргентинската репрезентација, против селекциите на Италија и на Шпанија.

Се вчитува...