Халеп против фуриозната Кербер во свое прво полуфинале на Австралија опен

Најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп ќе игра во своето прво полуфинале на Австралија опен во кариерата. Романската тенисерка никогаш не стигнала до полуфинале во Мелбурн, па е ова нејзин најголем успех.

До полуфиналето стигна откако во четвртфиналето славеше против Плишкова од Чешка во два сета, со 6-3,6-2.

Во полуфиналето сега Халеп ќе игра против Анџелик Кербер која фуриозно со 6-1,6-2 славеше против Медисон Кис.

Германката, која е 16-та тенисерка во светот, доминираше во текот на целиот меч кој заврши исклучително брзо.

Се вчитува...