Халеп „во аут“ од ВТА шампионатот

Завршницата од ВТА шампионатот во Сингапур ќе мине без Симона Халеп откак прворангираната светска тенисерка не успеа да ја мине групата и да се пласира во полуфиналето. По почетниот триумф над Гарсија, следеше поразот од Вознијацки, за денеска во клучниот меч Халеп да биде надиграна и од Свитолина. Украинската тенисерка и со победа немаше никакви шанси за второто место во групата, па растоварено одигра далеку подобро од Халеп, заслужено триумфирајќи со 6-3, 6-4.

Од ваквиот исход најмногу профитираше Каролин Гарсија, која во првиот меч на денешната програма славеше над Каролин Вознијацки со 2-1 во сетови. Со тоа, на француската тенисерка и беше неопходно Халеп да загуби за да стигне до второто место и пласман во полуфиналето.

Гарсија во битката за место во големото финале ќе се сретне со Каролина Плишкова, додека во вториот полуфинален дуел Вознијацки за противничка ќе ја има искусната Венус Вилијамс.

Се вчитува...