Хамилтон „доброволно“ ги тестира новите гуми на „Пирели“

Лидерот во Ф1 шампионатот во генералниот пласман на возачи, Луис Хамилтон, сам изразил желба да ги тестира новите пневматици на „Пирели“ за 2018 година. Според зборовите на Хамилтон, тој се пријавил како „доброволец“ за новите тестови и најавува нов пристап во подготовките за новата сезона.

„Првите тестови ќе ги направам овој викенд, што е малку необично за мене бидејќи јас не сум тест возач. Јас сам се понудив да го направам тоа и со нетрпение ги очекувам тестовите“ – изјави возачот на Мерцедес.

Луис Хамилтон е познат по тоа дека не ги сака неофицијалните тестови. Минатата сезона тој воопшто не учествуваше во разработувањето на новите пошироки пневматици, за разлика од Себастијан Фетел кој беше активно вклучен и извозе најмногу километри пред стартот на сезоната

Се вчитува...