Хамилтон ги издвои фаворитите – Ред Бул е се побрз, ќе биде жестока сезона

На неколку дена пред стартот на новата сезона во Формула 1, актуелниот шампион Луис Хамилтон ги издвои фаворитите што според него, имаат најголеми шанси во борбата за титулата. Британецот истакнува дека Мерцедес и сезонава ќе мора да биде на највисоко ниво за да им се спротивстави на Ферари и на Ред Бул, кој како што вели има најголем напредок во однос на минатата сезона.

„Секоја година мора да бидеме едно ниво погоре. Во овој период од годината сите се обидуваат да „вознемират“ некого, а ние сме совршена цел бидејќи сме светски шампиони. Мислам дека сите сме под притисок“ – истакнува Луис Хамилтон.

Возачот на Мерцедес посебно ја пофали работата во Ред Бул и во Ферари кои го издвојува како главни ривали.

„Ред Бул заврши одлична работа на болидите и имаат двајца извонредни возачи. Мислам дека ќе бидат многу брзи викендов во Мелбурн. Тука е и Ферари, тие лани жестоко се бореа до крај. И тоа воопшто не беше лесна задача. Очекувам дека така ќе биде и сега. Мислам дека на тестирањата сите правеа различни работи. Колку што сфатив , Ред Бул и Ферари се многу блиску. Можеби и ние сме исти или можеби малку зад Ферари, но пред Ред Бул. Но, овој викенд нешто ќе надоградиме, па ќе биде тесно“ – најави Хамилтон.

Првата трка од новата сеозна во Ф1 за ГН на Австралија, ќе се вози в недела на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн.

Се вчитува...