Хамилтон го напаѓа рекордот на Шумахер

Луис Хамилтон викендов ќе го изедначи рекорот на Михаел Шумахер со најмногу освоени пол-позиции, доколку  успее да стигне до првата стартна позиција на трката за ГН на Унгарија. По преселбата од Мекларен во Мерцедес, британскиот возач освои 41 пол-позиција и стигна до вкупен број од 67, една помалку од легендата на Ф1. Возачот на Мерцедес секоја година прогресивно ја зголемува бројката – пет имаше во 2013, седум во 2014, 11 во 2015 и 12 пол позиции во 2016 година.

Во клучниот дел до сезоната во Ф1, Хамилтон има шанса да го повтори ланското постигнување, постигнувајќи најдобро време во шест од десетте квалификации во досегашниот тек од шампионатот.

Возачи со најмногу пол-позиции:

Михаел Шумахер – 68

Луис Хамилтон – 67

Аиртон Сена – 65

Себастијан Фетел – 47

Џим Кларк – 33

Ален Прост – 33

Најџел Менсел – 32

Нико Розберг – 30

Хуан Мануел Фанџо – 29

Мика Хакинен – 26

Се вчитува...