Хамилтон ја освои Монца

Британскиот возач Луис Хамилтон е победник на трката во Монца за ГН на Италија. Тоа е 59.триумф за него во кариерата, со кој успеа да избие и на првото место во генералниот поредок со 238 бода, три повеќе од Себастијан Фетел.

Валтери Ботас заврши на втората позиција, а Германецот Фетел се искачи на подиумот како третопласиран. Рикијардо имаше одлична трка и со напредок од дури 12 позиции во однос на стартот, на крајот заврши на четвртото место, пред Кими Раиконен.

Денешната трка сепак мина во многу подобри услови од вчерашните квалификации, кои беа проследени со силен дожд и многу проблеми за возачите.

Се вчитува...