Хамилтон: Кубица ќе беше светски првак да не се повредеше

Луис Хамилтон има само пофални зборови за Роберт Кубица откако полскиот возач направи уште еден чекор напред кон камбек во Формула 1 шампионатот. Полјакот денеска ги мина задолжителните тестови од страна на ФИА, па доколку успее да ги убеди челниците на Рено на претстојните тестови со новиот болид, лесно може да се случи тој наскоро повторно да стане дел од „летечкиот циркус“.

Кубица заработи тешки повреди на раката и на ногата за време на страшното излетување на рели-трката во Андора, но иако се чинеше дека тркачката кариера му е дефинитивно завршена, тој со верба и напорна работа ги импресионираше сите, меѓу нив и Луис Хамилтон.

Роберт е еден од најбрзите возачи со кои се имам тркано, воедно е и еден од најдобрите. Штета е што му се случи несреќата во Андора, убеден сум дека во меѓувреме ќе стигнеше до најмалку една шампионска титула. Штета е што не е тука со нас и искрено се радувам што ги мина сите досегашни тестови, искрено се надевам дека ќе го направи и последниот чекор напред кон целосен камбек во Формула 1“ – истакна Хамилтон.

Се вчитува...