Хамилтон: На Ф1 и треба Алонсо во брз болид!

Луис Хамилтон сака силна конкуренција и добро знае кој се најдобрите и кој може да донесе повисок квалитет во Формула 1. На прес-конференцијата пред првата трка од новата Ф1 сезона што ќе се вози викендов во Австралија, Хамилтон посака во битката за шампионската титула да се врати Фернандо Алонсо, но за да се случу тоа, Мекларен треба да му обезбеди доволно конкурентен болид.

Од претсезонските тестови стана јасно дека Мекларен и оваа сезона не можат да фатат чекор со трите водечки тимови во Ф1 – Мерцедес, Ферари и Ред бул.

Досега со Себастијан Фетел немавме многу директни дуели на патеката, ќе ми биде мило ако тоа се смени сезонава. Мислам дека на публиката ќе и се допадне, а и за нас на патеката ќе биде добро ако во оваа конкуренција биде и Алонсо. Тој има потреба од добар болид, со кој ќе може да не стигне и да се бори за највисоки резултати и тоа треба да се случи пред да му истече времето. Знаеме дека има уште неколку години пред да се откаже од Ф1, што е добро, но мислам дека се уште не сме го виделе она најдоброто за што е способен Фернандо. Спортот има потреба од тоа, а Алонсо заслужува да биде во врвот. Вистинскиот предизвик е да се натпреваруваш со најдобрите. Фановите сакаат да го гледаат токму тоа. Публиката сака неизвесни трки и чиста конкуренција, сака да гледа како најдобрите имаат подеми и падови. Затоа со нетрпение чекам да почнат трките и да се натпреварувам со овие момци“ – изјави Луис Хамилтон.

Стартот на новата сезона во Формула 1 ќе биде означен со трката за ГН на Австралија што ќе се вози на 26 март во Мелбурн. Во шампионатот на Ф1 сезонава ќе се возат 20 трки, стартот е викендов во Австралија, а финишот ќе биде на 26 ноември во Абу Даби.

Се вчитува...