Хамилтон се загрева за Ф1 на сноуборд (ВИДЕО)

Во зимската пауза пред почетокот на новата сезона во Формула 1, четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон, се одмораше на островот Хокаидо во Јапонија. Британскиот возач таму ги усоврши своите вештини во сноуборд и тоа во друштво со најдобрите сноубордисти во светот.

Светскиот шампион покажа дека е брз и на снежната патека. А, добри инструктори му беа Кевин Бекстром, Тор Линдстром и Халдор Хелгасон.

Возачот на Мерцедес и мајсторите на даска на снегот се забавуваа и пробиваа нови патеки на планината со моторни санки и сноу-бајкови.

Беше прекрасно да се почне на овој начин 2018 година. Се забавував со неверојатни спортисти и значително ја подобрив моите вештини во сноуборд – перфектна подготовка за новата сезона во Ф1“ – ги сподели своите впечатоци Луис Хамилтон.

Се вчитува...