Хамилтон: Требаше да ги предвидам непријатните сценарија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Хамилтон: Требаше да ги предвидам непријатните сценарија

Хамилтон: Требаше да ги предвидам непријатните сценарија

„Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен“ , така Луис Хамилтон гледа на изминатава сезона во Формула 1.Тројниот светски шампион во Ф1, сезонава победи во 10 трки, вклучувајќи ги и последните четири, но титулата на крај ја освои Розберг со пет бода предност пред својот клупски колега. Германскиот возач потоа објави крај на кариерата.

Сезонава изобилуваше со затегнати односи, „непријатни“ и помалку чудни ситуации меѓу двајцата возачи на Мерцедес. Хамилтон и Розберг се судрија на трките во Шпанија и во Австрија, а на последната трка во Абу Даби, Британецот ја одби наредбата од боксот да забрза. Наместо тоа, Хамилтон ја намали брзината и им дозволи на другите возачи да го заобиколат Розберг.

„Имаше некои чудни ситуации. Тоа беа некои непријатни сценарија кои требаше да ги очекувам. Тоа доаѓа заедно со работата кога подолго време се бориш на врвот. За томот е незгодно кога нивните возачи се борат за шампионска титула. Но, тоа што нема да те убие ќе те направи посилен. Низ такви искуства учиш многу повеќе и за себе и за другите. Созреав како возач, а задоволен сум и со одност што го изградив со соработниците и тоа е нешто што ме прави посилен за наредната сезона“ – вели Луис Хамилтон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.