Хамилтон тргнува прв, а Фетел последен во Малезија

Луис Хамилтон ќе тргне на чело на колоната на утрешната трка за Големата Награда на Малезија откако британскиот возач денеска извозе најбрз круг, стигнувајќи до својата петта пол-позиција на патеката Сепанг. Уште еден голем плус за Хамилтон е фактот дека неговиот најголем ривал во генералниот пласман, Себастијан Фетел, поради проблеми со моторот ќе ја стартува утрешната трка од последното место, давајќи му идеална шанса на Британецот да направи уште еден огромен чекор напред кон освојување на титулата.

Фановите овде се неверојатни, тие ми се најголема мотивација кога и да возам во Малезија. Болидот делуваше одлично, очекувам добра трка утре. Жал ми е за она што му се случи на Фетел“ – истакна Хамилтон веднаш по квалификациите за пол-позицијата.

Од второто место утрешната трка ќе ја стартува Кими Раиконен во болидот на Ферари, зад кого ќе се најдат Ферстапен, Рикиардо, Ботас, Окон, Вандорн, Хулкенберг, Перез и Алонсо.

Се вчитува...