Хансен: Ќе играме без притисок…, знаеме дека и Вардар силно посакува триумф!

Голманот на Розенборг, Андре Хансен потенцираше дека дошле во Скопје по победа на мечот против Вардар за крај на натпреварите во Лигата на Европа.

Хансен вели дека добро се запознаени и со желбата на Вардар да дојде до првите бодови во Европа, но нивна мала предност ќе биде фактот дека ќе играат без некој голем притисок.

„Ние главната цел за сезонава ја постигнавме со освојувањето на шампионската титула во Розенборг. Сега со помал притисок пристигнавме во Скопје желни онака релаксирано да одиграме добар натпревар и со позитивен резултат да ја завршиме европската приказна. Мислам дека имаме сили да дојдеме до втората победа во групата, и покрај тоа што го почитуваме Вардар кој пред своите навивачи сигурно ќе игра фудбал за триумф“ – истакна Хансен на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

Се вчитува...