Хаос во Каталонија: Барса бара одложување на мечот со Лас Палмас

Раководството на Барселона побарало натпреварот меѓу овој клуб и Лас Палмас, закажан за денеска во 16.15 часот да биде одложен, поради нередите низ улиците на Барселона и судирите на граѓаните на оваа метропола со шпанската полиција.

Низ Каталонија денеска се одржува референдум на кој се гласа за независност на оваа шпанска покраина. Шпанските власти го оценуваат референдумот за незаконски и поради тоа дојде и до пресметки меѓу полицијата и дел од гласачите, а на неколку места беа користени и гумени куршуми.

Челниците на Барса веќе го откажаа свечениот ручек со раководството на Лас Палмас, нешто што е традиција за домашните средби на каталонскиот гигант. Тие инсистираат да биде одложен натпреварот бидејќи не постојат услови за игра, испратија и официјално барање до Шпанската Фудбалска Федерација мечот со Лас Палмас да не се игра денеска, па на потег се челниците на федерацијата, кои по консултациите со властите и органите на безбедност во најскоро време ќе донесат конечна одлука.

Се вчитува...