Хари Кејн и другарите ги искористија грешките на Ливерпул

Тотенхем ја оствари шестата победа во Премиер – лигата оваа сезона, четврта последователна, совладувајќи го Ливерпул на „Вембли“ со убедливи 4-1. Хари Кејн и неговите соиграчи умееја на најдобар можен начин да ги искористат грешките во одбраната на Ливерпул и освоија три значајни бода во ова дерби. Веќе во следното коло ги очекува нов дерби-дуел со Манчестер јунајтед.

Хари Кејн уште во четвртата минута го искористи ’киксот’ на Дејан Ловрен и го отвори резултатот, а осум минути подоцна Хјонг – Мин Сон зголеми и на 2-0.

Мохамед Салах во 24.минута го врати Ливерпул во живот со својот погодок, но во последните мигови од првиот дел Деле Али постигна трет гол за Тотенхем. Во 56.минута, Хари Кејн го постигна својот втор гол, по што беше јасно дека „спарси“ ќе се радуваат на бодовите на овој меч.

Се вчитува...