Хасани и Грнчаров суспендирани на два меча

Капитените на Вардар и на Шкендија, Бобан Грнчаров и Ферхан Хасани, добија казна од два натпревари неиграње по црвените картони што ги заработија на куп-дуелот меѓу Шкендија и Вардар што се одигра во Тетово. Ова значи дека тие нема да настапат за своите екипи на претстојните мечеви од 28.коло овој викенд, но и на дербито што ќе се игра в среда во Тетово. Ова секако ќе биде голем удар и за Вардар и за Шкендија, но доаѓа како епилог од меѓусебниот обид за физичка пресметка што го имаа во средата.

Организаторот на мечот Шкендија е предаден на Дисциплинска комисија и се очекува да биде одредена казна за неовластеното влегување на навивачи на теренот, кои се обидоа да ги нападнат фудбалерите на Вардар.

Се вчитува...