Хави Мартинез на лето доаѓа во Реал Мадрид?

Шпанскиот интернационалец Хави Мартинез во летниот преоден рок би можел да го напушти Баерн Минхен и да се врати во Шпанија, но трансферот за него не би бил воопшто разочарувачки. Доколку најавите од Германија се остварат, тој би можел да го облече дресот на Реал Мадрид.

Баскиецот оваа сезона конечно е здрав и активно е вклучен во натпреварите на Баерн Минхен, но прецизните германски статистичари пресметаа дека поради повреди тој досега пропуштил дури 90 мечеви за баварскиот тим. За „кралскиот клуб“, Хави Мартинез би бил добар избор, со оглед дека освен како стопер тој може одлично да ја пополни и празнината како последен играч за врска.

Баерн Минхен е подготвен да му го понуди шпанскиот интернационалец на Реал Мадрид, но сигурно дека сумата ќе биде помала од 40 милиони евра, колку што Германците платија за негов ангажман од Атлетик Билбао.

Се вчитува...