Хејнкес: Му помагам на драгиот клуб кој минува низ тешки денови

Јуп Хејнкес денес и официјално беше претставен на нов предводник на Баерн Минхен. 72-годишниот германски стратег се враќа од пензија, и по четврти пат ќе седне на клупата на „баварскиот“ тим, со цел да го врати клубот на победнички патеки. Хејнкес го очекува тешка задача, со оглед на „нередот“ кој го остави Карло Анчелоти, а вели дека во тренерската работа се враќа само поради Баерн.

„Немаше да се вратам од пензија ако не се работеше за Баерн Минхен. Чувствувам дека им останав должен откако си заминав. Имав понуди од неколку големи клубови, одлучив да не ги прифатам. Затоа ова не го сметам како враќање во фудбалот, туку како нудење помош на мојот драг клуб кој минува низ тешки денови. Драго ми е што имав можност да го донесам и мојот тим од тренери назад, тоа ќе ми ја олесни работата. Можам да истакнам дека ќе разговарам со секој играч посебно, на почетокот ќе имаме и многу состаноци, со цел што побрзо да се вратиме во победнички ритам“, изјави Хејнкес.

Германскиот шампион избегна дополнителни проблеми за време на репрезентативните обврски. Репрезентативецот на Шпанија, Тијаго нема долго даотсуствува од терените, па може да биде и достапен за саботниот дуел против Фрајбург, додека повредата на Никлас Суле не е сериозна и ќе мирува само неколку дена.

Се вчитува...