Хејнкес: Овој тим на Баерн е многу подобар од оној со кој ја освоив тројната круна

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес смета дека моменталниот состав на баварскиот тим е многу поквалитетен во однос на екипата која ја водеше во сезоната кога ја освоија тројната круна. Хејнкес исто така потенцираше дека проблемите на Баерн доаѓаат од одбраната, но вели дека фудбалерите се мотивирани повторно да се вратат на победнички патеки.

„Овој тим на Баерн е многу подобар од оној со кој успеавме да ја освоивме тројната круна. Сепак, за да бидеме доминантни како тој тим мора да бидеме стабилни во одбраната. Досега примивме седум погодоци, мора да се зацврстиме во последната линија и да се усогласиме. Нападот не е проблем, имаме многу креативни играчи, кои можат со еден потег да решат натпревар. Оваа недела работевме на многу полиња, веќе се забележува напредок и мотив кај играчите дека сакаат да се подобрат, сега треба да го прикажеме тоа на теренот. Очекувам сите да одиграат на високо ниво“, вели Хејнкес.

Баерн утре ќе го пречека тимот на Фрајбург на „Алијанц“ арената во рамките од 8. коло, но Хејнкес во составот ќе го нема Артуро Видал, додека од првата минута нема да смета на Хамес Родригез.

„Хамес се врати доцна од репрезентативните обврски, и одработи само еден тренинг, па затоа мечот нема да го започне од првата минута. Што се однесува за Артуро, има мал проблем со мускулот на ногата, па одлучив да не ризикувам со него. Не сакам да се создадат дополнителни проблеми, бидејќи Видал ни е еден од најважните играчи“, додаде Хејнкес.

Се вчитува...