Хендикеп за Хјустон: Харден ќе мора да паузира најмалку две недели

Главниот кандидат за МВП на сезоната во НБА лигата, Џејмс Харден ќе паузира најмалку две недели по повредата на задната ложа.

Бекот на Хјустон се повреди последниот ден од 2017 година во победата над ЛА Лејкерс по две продолженија. Рокитси сега соопштија дека ќе мора да паузира две недели, по што ќе следат нови прегледи за да биде одлучено дали е подготвен за враќање на паркетот.

Сигурно е дека нема да биде потребна хируршка интервенција. Ова е втора поголема повреда која ги разнишува плановите на Хјустон оваа сезона, откако веќе неколку меча пропушти Крис Пол. Но отсуството на Харден сигурно многу повеќе ќе се почувствува.

Харден е најдобар стрелец во НБА лигата со 32,3 поени по натпревар, најдобар тројкаш со 145 погодоци, а лидер е и во слободните фрлања со 319/368. Трет асистент е во лигата со 9,2 проигрувања по натпревар.

Во претходните четири сезони Џејмс Харден пропушти само еден меч поради повреда. Хјустон во моментов е втор на Западот со скор од 26-9.

Се вчитува...