„Хероите“ ќе тестираат со Црна Гора, Бугарија и со Грузија пред ЕП во Полска

Македонската репрезентација до 21 година во 2017 година ќе го има најголемиот предизвик, учеството на Европското првенство во Полска, а како дел од подготовките, ќе одигра три пријателски натпревари. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24. март на домашен терен ќе ги одмери силите со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28. март ќе одигра контрола пресметка против соодветната селекција на Бугарија.

Натпреварот со Грузија, исто така на домашен терен, репрезентацвијата на Македонија до 21 година ќе го одигра на 4. јуни.

„Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на УЕФА за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на Црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска,“ изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

Се вчитува...