Хероите во центарот на вниманието: Портпаролот им подари песна, претседателот на ФФМ - специјална награда! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Хероите во центарот на вниманието: Портпаролот им подари песна, претседателот на ФФМ – специјална награда!

Хероите во центарот на вниманието: Портпаролот им подари песна, претседателот на ФФМ – специјална награда!

Младите македонски репрезентативци беа во центарот на вниманието на синоќешната манифестација за изборот на најдобрите од изминатава година на Фудбалската федерација на Македонија која се одржа во Македонскиот народен театар.

IMG_5809Од почетокот па до крајот, во континуитет за време на целото свое одржување, свеченоста беше во знакот на хероите кои не однесоа до првото наше фудбалско учество на Европско првенство…

Па, на стартот портпаролот Златко Андоновски, обидувајќи се и во музичките води, заедно со Влатко Плевнеш, им подарија на младите репрезентативци адаптирана песна… Преку потсетувањето на нивните најдобри моменти од квалификациите за ЕП 2017 потоа се стигна на крајот и до Специјалната награда за сите членови на младата репрезентација која им ја додели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

„Запишавте историја за македонскиот фудбал со пласманот на ЕП. Сега посакуваме во Полска да запишете уште поуспешна страница со која сите заедно ќе се гордееме. Вие сте иднината на македонскиот фудбал“ – истакна Ѓорѓиоски пред доделувањето на признанијата за сите членови на националниот тим за играчи до 21 година.

IMG_6469

Фудбалска Македонија, на крајот од оваа година, сега младите наши репрезентативци ги испраќа со огромни желби за продолжување на успешните настапи од квалификациите за ЕП и на престојниот европски шампионат кој во јуни ќе се одржи во Полска…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.