„Херојот“ Жиру останува во Арсенал

Оливие Жиру ја стартуваше новата премиерлигашка сезона со победнички погодок за Арсенал, откако влезе во игра и стрелаше прецизно за триумф од 4-3 против екипата на Лестер. Веднаш потоа Французинот уште еднаш ги израдува фановите на „топчиите“, откривајќи дека ќе остане дел од лондонскиот клуб и во следната сезона.

Доаѓањето на Лаказет значеше и речиси сигурно заминување на Жиру, особено откако понуди испратија Борусија Дортмунд, Олимпик Марсеј и Вест хем, па Франузинот можеше и да ја бира својата следна дестинација во кариерата. Сепак, голгетерот на крајот сепак ги одби сите понуди и реши да се бори за место во тимот во претстојната сезона.

Нема дилеми, останувам во Арсенал. Ниту еден друг клуб не ме интересира“ – изјави Жиру по мечот со Лестер.

Задоволен од ставот на францускиот ас е и менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер.

„Ние секогаш сакавме да го задржиме, само што не можевме да му гарантираме место во првиот тим. Му ја подотворивме вратата за заминување доколку сака, но штом Оливие сака да остане, тоа е одлична вест за Арсенал“ – истакна Венгер.

Се вчитува...