Хесус Навас од лето се сели во Рома

Шпанскиот интернационалец Хесус Навас по завршувањето на сезоната ќе го напушти англискиот премиерлигаш Манчестер сити и ќе потпише тригодишен договор со италијанскиот калчолигаш Рома, информираат медиумите во Италија. Тој на лето ќе биде слободен агент и ќе се пресели во Италија, откако во редовите на „граѓаните“ неколку сезони не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец.

Хесус Навас дојде во Манчестер сити за сума од 20 милиони евра во 2013 година. Оваа сезона тој одигра 30 натпревари за Манчестер сити во сите конкуренции и забележа пет асистенции, без постигнат гол.

Се вчитува...