Хет – трик на Александар Трајковски во Купот на Италија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски беше стрелец на хет – трик за својот тим Палермо во Купот на Италија. Палермо славеше со убедливи 5-0, а зад името на Трајковски останаа запишани три погодоци.

Тој го отвори резултатот во 13.минута, а пред самиот истек на првиот дел зголеми и на 2-0. Во 72.минута, Алекс Трајковски го постигна и својот трет погодок на дуелот против нисколигашот Виртус Франкавилја.

Се вчитува...