Хјустон не запира, во Солт лејк сити до 13. победа во низа

Хјустон рокетс ја продолжи својата доминација во НБА-лигата триумфирајќи на гостувањето против Јута со 85-96, што е 13. победа во низа за „ракетите“. Иако Јута играше во одлична форма во последно време, „ракетите“ лесно се справија со мотивираните домаќини, триумфирајќи со двоцифрена разлика и на четвртиот меч сезонава против „џезерите“. Клучна беше третата четвртина што Хјустон ја доби со 19-31 и си создаде предност што се покажа недостижна за домашните кошаркари.

Џејмс Харден беше прв стрелец на Хјустон со 26 поени, а одличен настап имаше и Лук Мбах а Мбуте, кој 15 од своите 17 поени ги постигна во последната четвртина.

Њу Орлеанс славеше над Феникс со 125-117, натпревар што го одбележа феноменалниот настап на Антонио Дејвис. Центарот на домаќините одигра фантастично и го заврши мечот со 53 поени, 17 скока и пет блокади.

Голден стејт рутински стигна до нова победа, овојпат на гостувањето во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк со 111-125. Клеј Томпсон беше прв стелец на актуелниот шампион со 26 поени, Кевин Дурант постигна 22, а Стеф Кари 21 поен за „воините“.

Резултати НБА:

Атланта – ЛА лејкерс 104-123, Бостон – Мемфис 109-98, Бруклин – Чикаго 104-87, Њујорк – Голден стејт 111-125, Торонто – Детроит 123-94, Њу Орлеанс – Феникс 125-116, Оклахома – Орландо 112-105, Далас – Индијана 109-103, Јута – Хјустон 85-96, Сакраменто – Минесота 100-118.

Се вчитува...