Хофенхајм го реши Шалке, па го прескокна Баерн на табелата

Хофенхајм продолжува со одличните настапи во Бундес-лигата, па оваа екипа со денешниот триумф над Шалке (1-0) го прескокна Баерн Минхен и се искачи на првото место на табелата, во пресрет на дуелот на досегашниот лидер Борусија Дортмунд против Борусија Менхенгладбах (закажан за 18.30 часот). Сосема очекувано, Хофенхајм наиде на сериозен противник во Шалке, но сепак успеа да стигне до цел плен откако Гајгер биеше прецизно по земја од работ на шеснаесетникот и го совлада гостинскиот голман. Kонечните 2-0 во судиското продолжение ги постави Руп. Со ова домашниот тим остана без пораз и по шестото бундеслигашко коло (четири победи и две реми), па сега има 14 бода, еден повеќе од шампионот Баерн.

Лајпциг ја прекина мини-серијата од два меча без триумф славејќи на домашен терен против Ајнтрахт со 2-1. Отсуството на суспендираниот Кеита не се почувствува во играта на Лајпциг, домаќините целосно доминираа и заслужено ги освоија трите бода со погодоците на Аугустин и на Вернер. Ребиќ беше стрелец на почесниот гол за гостите од Франкфурт во 77. минута од овој меч.

Резултати Германија:

Хофенхајм – Шалке 1-0, Мајнц – Херта 1-0, Лајпциг – Ајнтрахт 2-1, Штутгарт – Аугсбург 0-0, Вердер – Фрајбург 0-0.

Се вчитува...