Хофенхајм реди победи, ја престигна и Борусија Дортмунд

Хофенхајм продолжува со одличните настапи во Бундес-лигата, со кои оваа екипа успеа да се искачи и на третото место на табелата, минувајќи го составот на Борусија Дортмунд (кој утре му гостува на Шалке). Фудбалерите на Хофенхајм вечерва се соочија со огромен предизвик на гостувањето во Берлин против Херта, но максимално одговорија на задачата, стигнувајќи до победа од 1-3 со што направија огромен чекор напред кон место кое води во ЛШ следната сезона.

Успехот е уште поголем ако се знае дека Херта е тимот што прв дојдe во водство, но гостите покажаа фантастичен карактер враќајќи се во натпреварот. Крамариќ е човекот на одлука со два гола, еврогол постигна Суле (кој летово ќе се пресели во Баерн Минхен), а мора да се истакне дека Хофенхајм во второто полувреме при резултат 1-1 три пати го погаѓаше дирекот од голот на домаќините.

All Goals & highlights HD – Hertha 1-3… by footballderby

Се вчитува...