Хоризонт го шокираше Новаци, четири гола на Балдовалиев во триумфот од 7-0 на Академија Пандев - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Хоризонт го шокираше Новаци, четири гола на Балдовалиев во триумфот од 7-0 на Академија Пандев

Хоризонт го шокираше Новаци, четири гола на Балдовалиев во триумфот од 7-0 на Академија Пандев

Хоризонт Турново го шокираше Новаци во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига славејќи на гостувањето со убедливи 0-4.

На тој начин, турновци ја прекинаа серијата на Новаци запирајќи ги во трката со водечката Академија Пандев која, пак, со 7-0 го победи Љубанци Кавадарци.

И покрај тоа што во 25. минута од средбата, поради вербален напада на главниот судија беше исклучен тренерот Јане Николоски, Хоризонт Турново во Новаци дојде до лесна победа.

Horizont Turnovo radost

Novaci - Horizont T 2

Марио Крстовски со головите во 35. и во 40. минута уште во првото полувреме донесе предност, а убедливиот триумф од 0-4 го заокружија Трајче Ефремов во 48. минута и Никола Божинов во 68. минута.

Novaci - Horizont T 3

Во триумфот на Академија Пандев од 7-0 со четири погодоци учествуваше Зоран Балдовалиев кој најпрво со голови во 9., 11. и во 20. минута донесе предност од 3-0, а потоа погоди и во 73. минута за 6-0. Претходно, стрелци беа уште и Валентин Кочоски и Драган Начевски, а Александар Мишов во 80. минута заокружи на 7-0.

Скопје го доби дербито на „Железарница“ триумфирајќи со 2-1 против Металург. Димитар Иванов во 3. минута го доведе до водство Металург, но потоа следеше пресвртот на дуелот. Борче Ужевски во 58. минута израмни, а Дарио Десниќ во 67. минута ги постави конечните 2-1.

Тетекст стигна до три бода благодарение на Бобан Јанчевски кој во 72. минута од пенал го постигна единствениот гол во триумфот од 1-0 против Велазерими.

РЕЗУЛТАТИ – 12. КОЛО

Академија Пандев – Љубанци 7-0

Вардар Неготино – Еуромилк ГЛ 0-0

Скопје – Металург 2-1

Новаци – Хоризонт Турново 0-4

Тетекс – Велазерими 1-0

ТАБЕЛА: Академија Пандев 31 бод, Еуромилк ГЛ 22, Скопје 22, Новаци 21, Хоризонт Т. 17, Металург 16, Велазерими 14, Тетекс 11, Вардар Неготино 9, Љубанци 7 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.