„Хорор“ повреда на фудбалерот на Хадерсфилд (фото)

Фудбалерот на англискиот прволигаш Хадерсфилд, Арон Мој се „пофали“ со својата исеченица на коленото која ја заработи изминатиов викенд во победата против Бурнемаут.

Австралијанецот прво учествуваше во голеадата од 4-1 против тимот на Еди Хов, но на петнаесетина минути до крајот на средбата мораше да излезе по остриот старт на Луис Кук.  Мој потоа беше изнесен на носилки, а неколку дена подоцна одлучи да ја сподели состојбата на неговата повреда. „Заработи“ дури седум конци на левото колено, но за среќа помина без поголеми последици.

Се вчитува...