Хорор повреда на стартот на НБА: Хејворд го скрши скочниот зглоб

Минаа само пет минути од новата НБА-сезона, а се случи и првата тешка повреда на еден кошаркар, откако Гордон Хејворд настрада при лошиот доскок по обидот да фати една топка за цепелин под кошот на Кливленд. Веднаш по падот стана очигледно дека повредата е крајно сериозна, тоа го говореа и самите лица на останатите кошаркари, а домашните играчи Леброн Џејмс и Ајзеа Томас потоа се упатија кон соблекувалната на Бостон за да му укажат поддршка на гостинскиот ас.

Гордон Хејворд летово од Јута потпиша за Бостон договор на четири години вреден 128 милиони долари, a скршеницата на скочниот зглоб значи долга пауза од кошаркарските терени.

Се вчитува...