Храбро до крај – некогаш е важно и како се губи (фотогалерија)

Без оглед на скриениот оптимизам во пресрет на ова ЕП, на сите им беше јасно каков ривал имаме на стартот во Гдиња. Саул Нигез со еврогол покажа зошто е фудбалер со најголема вредност на шампионатот, Асенсио со хет-трик јасно стави до знаење за каков потенцијал станува збор, Деулофеу стана најдобар стрелец во историјата на шпанската младинска репрезентација…

А Македонија… Македонија го покажа на Европа она што ние го знаевме за нашите младинци. Дека се ЕКИПА, во која владее силен тимски дух, состав предводен од храбар тренер подготвен да се надигрува со секого. Да не беше таквиот пристап можеби поразот немаше да биде толку убедлив, но и општиот впечаток немаше да биде толку позитивен.

Некогаш е важно и како ќе се загуби, особено од поквалитетните од себе, а Македонија вечерва загуби достоинствено и храбро. Затоа, овие 5-0 треба што поскоро да се „избришат“ од спомените на репрезентативците, за да во преден план излезат позитивните работи, пред следните предизвици во Полска почнувајќи од дуелот во вторник со Србија.

[new_royalslider id=”691″]

Се вчитува...