Хрватката Лучиќ-Барони е сензација на Австралија опен

Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони оствари пласман во четвртфиналето на Австралија опен. Оваа 35-годишна тенисерка во осминафиналниот меч славеше против младата Американка Џенифер Брејди со 6-4,6-2.

Брејди досега беше уште една сензација во Мелбурн, но Хрватката игра во одлична форма. Лучиќ-Барон, пред оваа година, последен пат кога победила на Австралија опен било во далечната 1998 година.

Во четвртфиналето место обезбеди и Американката Серена Вилијамс, која беше подобра од Барбара Штрицова победувајќи со 7-5,6-2. Вилијамс во битката за полуфинале ќе игра со деветтата светска тенисерка, Конта која славеше лесно против Екатерина Макарова со 6-1,6-4.

Се вчитува...