Хрватски маки големи: И Билан откажа за Евробаскет 2017

На проблемите на хрватската репрезентација околу составот за Евробаскет 2017 им нема крај, откако Миро Билан обелодени дека нема да настапува за својата репрезентација. Центарот си заминува од Цедевита, но се уште нема пронајдено нов клуб, поради што одлучил да се сконцентрира на потрагата по нов ангажман, откажувајќи го своето присуство на подготовките.

Ова е последниот во низата проблеми за селекторот Александар Петровиќ, кој не може да смета ниту на Марио Хезоња, кој одби да дојде од НБА за да му помогне на националниот тим, повредени се Лука Бабиќ и Марко Араповиќ, а селекторот на располагање ги нема ниту Рок Стипчевиќ и Жељко Шакиќ.  Ова значи дека во однос на ланските ОИ хрватската репрезентација ќе има само шест исти кошаркари во составот, Роко Укиќ, Круно Симон, Бојан Богдановиќ, Дарио Шариќ, Дарко Планиниќ и Филип Крушлин.

Хрватска е дел од групата Ц каде покрај домаќинот Романија се наоѓаат уште и селекциите на Шпанија, Чешка, Унгарија и Црна Гора.

Се вчитува...