Хуман гест на олимписки шампион од Рио

Иранскиот олимпиец во кревање товар, Кјануш Ростами го понуди својот олимписки медал на аукција за да им помогне на семејстватата на жртвите во земјотресот што неодамна ја погоди областа во близина на границата меќу Иран и Ирак.

Земјотресот со магнитуда од 7,2 се случи на 12 ноември на 32 километри од ирачкиот град Халабџа во провинцијата Керманшах од која потекнува и Ростами. Во земјотресот загинаа 445 луѓе, а повредени се 7.370, направена е огромна штета и многу семејства останаа без домови. Тоа го поттикна олимпискиот шампион од Рио де Женеиро да ја преземе оваа акција за помош на настраданите.

Го враќам златниот медал од Олимписките игри во Рио де Женеиро, кој всушност му припаѓа на мојот народ. Медалот е на аукција, а сите средства ќе бидат наменети за помош на настраданите во земјотресот“ – изјави Ростами.

Се вчитува...