Хумелс: Секогаш е интересно кога се игра против Арсенал - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Хумелс: Секогаш е интересно кога се игра против Арсенал

Хумелс: Секогаш е интересно кога се игра против Арсенал

Една од најинтересните пресметки во осминафиналето од Лигата на шампионите сигурно ќе биде онаа меѓу Арсенал и Баерн. „Топчиите“ вообичаено настапите во ЛШ ги завршуваат токму во првата нокаут фаза, па јасно е дека не можат да бидат задоволни што од потенцијалните ривали го добија токму  баварскиот гигант. На спротивната страна, дефанзивецот на Баерн, Матс Хумелс, со нетрпение го очекува дуелот со англискиот гигант, кој ќе биде вистински предизвик за одбраната на баварците со оглед на извонредната форма во која се наоѓаат Алексис Санчез и Месут Озил.

Како член на Борусија Дортмунд имам настапено на многу средби против Арсенал, секогаш е интересно кога против себе го имаш англискиот клуб. Атрактивниот фудбал е одлука на Арсенал и нашите навивачи сигурно ќе уживаат во следните два дуели“ – изјави Хумелс.

Со голем респект на противникот гледа голманот на баварскиот гигант, Мануел Нојер.

Го победивме Арсенал пред неколку години, но тие сега имаат посилен тим. Сигурно ќе биде тешко, но верувам дека ние на крајот ќе се радуваме на пласман во четвртфиналето“ – прокоментира германскиот чувар на мрежата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.