Бојан Трајковски пред потпис за МЗТ Скопје!

Македонскиот шампион, екипата на МЗТ Скопје е пред реализација на трансфер на уште еден македонски репрезентативец. По потписот со Дамјан Стојановски, како што дознава ЕКИПА, нов член на „металците“ во наредниот период треба да биде крилниот центар Бојан Трајковски.

Трајковски, кој во претходните две сезони настапуваше за Куманово и за Карпош Соколи, екипи кои во финалето од плеј-офот претходните години губеа токму од МЗТ Скопје, е во финална фаза од преговорите за ангажман во редовите на македонскиот шампион.

Како што е познато, и новиот стратег на тимот од Аеродром, Александар Тодоров, на својата промоција најави дека цел на „металците“ ќе биде повторно да формираат тим со „костур“ од домашни играчи. Токму во таа насока е и ангажманот и на еден од најдобрите македонски кошаркари, Бојан Трајковски.

Трајковски се мачи со проблеми со повреда на тетивата, поради што нема да настапи за Македонија на престојните претквалификации за пласман на Светското првенство 2019.

Се вчитува...