И делегатот на УЕФА попушти: „Комити“ го „запалија“ Филип Втори (ФОТО)

Ретко се случува УЕФА на своите официјални натпреварување, посебно од највисок ранг, да дозволи навивачко присуство и употреба на пиротехнички материјали на официјалните тренинзи на екипите во европски ранг.

Меѓутоа делегатот на УЕФА на утрешниот натпревар меѓу Вардар и Зенит не можеше да премине преку огромната желба на најверните вардарови навивачи „Комитите“ да дадат поддршка за својот тим пред историскиот прв настап во Лигата на Европа…

Комити

Па, „Комитите“ вечерва на официјалниот тренинг на Вардар го „запалија“ нашиот најголем стадион… И тие запишаа историја, желни славјето да се продолжи и утре!

Комити 1

„Комитите“ денеска информираа дека предвидените билети за нив кои се за долните блокови од Западната трибина се комплетно распродадени. Останати се единствено билетите во редовна продажба…

Се вчитува...