И Гачевски се збогува од Вардар: Меѓу Висла Краков и Унгарија!?

И голманот Филип Гачевски е пред можност за заминување од редовите на Вардар во јануарскиот преоден рок.

Според информациите на ЕКИПА, полската Висла Краков како и двата најдобри унгарски клубови Видетон и Ференцварош во чии редови настапува Стефан Спировски, се во комбинација за ангажман на чуварот на мрежата на „црвено-црните“.

Filipovski i GacevskiДоговорот на Вардар со 27-годишниот Гачевски истекува во јуни следната година, поради што и интенцијата на македонскиот шампион во желбата за заработка е да се согласи на евентуален трансфер пред да дојде во можност во јуни како слободен фудбалер да замине од клубот.

Се погласно заминување во јануари се најавува и за репрезентативецот Бобан Николов, за кого постои отворен интерес од бугарскиот шампион Лудогорец, но и за Бразилецот Хуан Фелипе и ерменскиот репрезентативец Тигран Барсегјан. Разделба од Вардар се најавува и за Бесир Демири и Хофханес Хамбарџумјан.

Филип Гачевски пред само три дена официјално потпиша договор со една од најдобрите менаџерски компании во Европа, британска „ВиМ“ -„ГК1“, специјализирана пред се за застапување на голмани, која ќе го застапува во иднина во преговорите за трансфер. Договор за застапување со менаџерската компанија потпиша уште еден македонски фудбалер, 21-годишниот Кристијан Филиповски од Силекс.

Се вчитува...