И холандскиот шампион Феенорд во трката за Стефан Ристовски

Италијански Лацио, шпански Бетис но сега и новиот холандски шампион Феенорд се трите клуба меѓу кои треба да се бара идната фудбалска средина на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, пренесуваат хрватските медиуми.

Според пишувањата на Хрватите, Феенорд е последниот клуб кој се вклучува во трката за Ристовски ова лето. Холанѓаните следејќи ги настапите на Ристовски последниот месец одлучиле и со официјална понуда да се активираат во обидот за потпис на македонскиот фудбалер.

Како што е познато, претходно италијанските медиуми ја пренесоа веста дека и Лацио е еден од клубовите каде би можел да ја продолжи кариерата, иако во опција е и шпански Бетис. Претходно, агресивно се спомнуваше Спортинг Лисабон како негова следна дестинација, но сега е се поизвесно дека Португалија отпаѓа.

Стефан Ристовски е еден од најдобрите фудбалери на Ријека оваа сезона, која за првпат во својата историја успеа да стигне до шампионската титула во Хрватска.

Се вчитува...