И Лукас Билја ќе стане „росонер“

Милан не застанува со реновирањето на составот за следната сезона, па на прагот е и осмото засилување. Капитенот на Лацио, Лукас Билја, треба да пристигне на „Сан Сиро“ и да го засили Милан во обидот да се врати на голема врата во трката за титулата во Серија А. Тренерот Винченцо Монтела досега ги доби Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини, Хакан Чалханоглу и Андреа Конти како освежувања за тимот, а на прагот е и пристигнувањето на Билја.

Раководството на Милан веќе подолг период е во контакт со Аргентинецот и конечно ги договори условите за неговото доаѓање на „Сан Сиро“. Лацио ќе добие 15 милиони евра како отштета, а беше приморан на продажба на својот капитен, со оглед дека му остануваше само една година од договорот со римскиот клуб.

Се вчитува...