И новинарите на дело… На тастатура е лесно, на терен малку потешко!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Покрај главните случувања во Брест на Ф4 завршницата во СЕХА лигата, а во очекување на утрешната финална пресметка на македонскиот шампион Вардар со Веспрем, и новинарите имаа можност да покажат што знаат од ракометот… На терен, не само на тастатура!

На новинарскиот „троен Куп натпревар“ кој се одигра во рамките на забавниот дел од Фајнлфор турнирот на СЕХА, учествуваа тим на новинари од домаќинот Белорусија, тим на новинари од Русија и комбиниран состав на македонски, хрватски и српски новинари кои го претставуваа тимот на СЕХА.

Ривалството меѓу Белорусија и Русија направи да се одигра еден сериозен меч, додека тимот на СЕХА, во кој беа и македонските новинари, главно си се забавуваше и на двата натпревари, не грижејќи се околу конечниот резултат. Русите го освоија првото место со најдобра гол разлика, Белорусија мораше да се задоволи со сребрениот пехар, а како трет на овој Куп заврши составот на СЕХА…. Очигледно, балканските ракометни новинари прилично самоуверени делуваме кога треба да се покаже што знаеме за ракометот преку пишаниот збор… На терен малку потешко… Но, важно е да се учествува!

[new_royalslider id=”588″]

Се вчитува...