И Перо Антиќ и Бо Мекејлеб на списокот на Давитков

Македонскиот селектор Јорданчо Давитков го објави поширокиот список од 24 кошаркари, во пресрет на претквалификациите за СП 2019 во кои нашиот национален тим ќе се сретне со Естонија и со Косово.

На поширокиот список се најдоа и поранешниот капитен Перо Антиќ, како и плејмејкерот Лестер Бо Мекејлеб, за кои е неизвесно дали би се појавиле на првата прозивка, или пак ќе бидат избришани при првото кратење на списокот.

Ова се најдобрите 24 кошаркари кои се здрави и кои можат да помогнат во моментот, затоа се ставени на овој список“ – кратко изјави селекторот Давитков.

Селекторот барем засега не открива дали разговарал со Антиќ и каков бил епилогот, со оглед на добро познатото непријателство на екс-капитенот со актуелниот претседател на федерацијата, Петар Наумоски. Само за потсетување, Антиќ се најде и на списокот на екс-селекторот Раца, но не се појави на тие подготовки, поради што беше пријавен во ФИБА од страна на МКФ.

Првиот собир на Давитков, заедно со неговите стручни соработници Александар Јончевски и Љупчо Малинков е закажан за утре (21. јуни, 2017 година) во ВИП арената со почеток во 19:00 часот.

Според планот на подготовки, сениорите ќе тренираат во Скопје сè до 3. јули кога привремено ќе се преселат во Маврово. По 8. јули, сениорите повторно се враќаат во Скопје каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

На 10. и на 11. јули, репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите против соодветната селекција на Словачка, на гостински терен. На 15. јули Македонија ќе ја нагости Бугарија во Скопје. Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во Скопје. На 20. јули македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина. Последен пријателски натпревар на нашите најдобри репрезентативци во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28. јули во Бугарија.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА 

1. Војдан Стојановски2. Горјан Марковски3. Бојан Трајковски4. Александар Костоски5. Марко Симоновски6. Кирил Николовски7. Бојан Крстевски8. Марјан Јанески9. Перо Антиќ10. Стојан Ѓуроски11. Игор Пенов12. Владимир Брчков13. Ненад Димитријевиќ14. Бобан Стајиќ15. Љубомир Младеновски16. Кристијан Николов17. Адем Мекиќ18. Александар Штерјов19. Предраг Пајиќ20. Андреј Маслинко21. Ѓорѓи Чековски22. Михајло Митев23. Џордан Теодор24. Лестер Бо Мекејлеб 

Се вчитува...