И покрај проблемите, ќе играме добра кошарка (фотогалерија)

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска под водство на селекторот Марјан Лазовски го одржи првиот тренинг, со што беше означен стартот на кратките подготовки пред стартот на квалификациите за ЕП 2019. Големи проблеми за стручниот штаб претставуваат повредите на трите одлични кошаркарки, Јелена Антиќ, Ана Тантуровски и Ивона Пејковска, но остатокот од националниот тим најавува дека со огромна желба за докажување ќе се прикаже во што подобро светло во претстојниот квалификациски циклус.

Нена Трајчевска е една од оние кои во отсуство на повредените ќе треба да ја преземе лидерската улога во екипата.

Овие девојки кои се тука, пред се, заслужија да бидат овде, да бидат пријавени на овие квалификации за Евробаскет бидејќи во изминатите неколку години стекнавме доста искуство играјќи надвор од границите на нашата држава. Некои информации кои стигнаа до нас во измината недела односно повредите на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и Ивона Пејковска малку не извади од колосек. Ќе бидеме со нив, се надеваме дека ќе имаат брза рехабилитација. Без разлика и со подмладокот во репрезентацијата ние ќе дадеме се од себе и ќе се бориме до крај на секој натпревар иако не чекаат силни противници. Знаеме дека Италија е една од подобрите селекции во Европа и една од поискусните која заврши на седмото место на минатиот Евробаскет. Се надеваме дека ќе пружиме доволно силен отпор и на што подобар резултат. Постои некој мал притисок, но морам да кажам позитивен. Гледајќи ги девојките – сите имаат позитивен став и сите едвај чекаме да започне овој квалификациски циклус и да останеме во најдобра состојба, да нема повреди“ – вели Нена Трајчевска.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Кошаркарките добро се познаваат меѓу себе што ќе им ја олесни работата на тренерите.

„Имавме многу успешно лето, на турнирот (во јуни) сите кошаркарки се покажаа во многу добро светло и на некој начин тој турнир ни помогна да ја вратиме самодовербата и позитивната енергија. Работевме напорно да се запознаеме што подобро, како тим. Очекувам добри резултати од овие квалификации иако изгубивме некои од клучните играчи, мислам дека, а и очекувам сите заедно да се сплотиме и да го покажеме тоа што најдобро го знаеме во најдобро светло. Италијанките се едни од најдобрите кошаркарки во Европа, имаат традиција и континуитет на Европските првенства, но јас верувам во себе и во своите колешки и верувам дека поради големата желба за докажување ќе пружиме голем отпор за да резултираме со победа. Оваа генерација има огромна желба за докажување и верувам дека тоа ќе го демонстратираме на теренот“ – истакна Ивана Кметовска, која ги полни кошевите на противниците во дресот на шпански Замарат.

Се вчитува...