И прв европски бод, и куче на терен, и „Комити“ во славенички фазон… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар посакуваше со победа да го заврши својот дебитантски настап во Лигата на Европа, но стигна до реми (1-1) против норвешки Розенборг вечерва на „Филип Втори“.

Од последниот свој меч на европската сцена оваа сезона, за „вардарци“ ќе остане запаметен првиот бод освоен во Лигата на Европа, и покрај објективно бледото есенско издание во второто по квалитет европско клупско натпреварување… За европската фудбалска јавност, пак, сигурно ќе останат запаметени сцените со кучето на терен на најголемиот македонски стадион, но славеничкиот фазон на „Комити“ кои и на последниот европски натпревар продолжија со својата „фешта“ за пиротехничко одбележување на јубилејната 30-та година од своето формирање!

[new_royalslider id=”874″]

Се вчитува...