И селекторите се разиграа: Ревија на фудбалски легенди во Пробиштип (ФОТО)

Бројни славни македонски фудбалски имиња вечерва беа дел од ревијалниот хуманитарен натпревар кој се одигра во Пробиштип меѓу селекциите на поранешни македонски репрезентативци од една страна и ветераните на поранешниот прволигаш ФК Рудар од Пробиштип.

Интензивна е желбата за промоцијата на фудбалската игра и во овој регион со отворена интенција за враќање на Рудар на старите патеки. Токму во таа насока, и селекторите на сениорската репрезентација Игор Ангеловски како и на младата селекција, Благоја Милевски се разиграа фудбал во составот на ветераните на Македонија во кој се најдоа и Саша Ќириќ, Жанко Савов, Горан Георгиевски… Ревијата беше збогатена и со присуство на вардаровата легенда, Кочо Димитровски, но и поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Ванче Трајчов, Ивица Глигоровски…

[new_royalslider id=”528″]

Се вчитува...